Мulti-култи со отворен ден за граѓаните
05.09.2011 09:55
| KumanovoNews
Младинскиот Центар Multi–Култи денеска на Градскиот плоштад во Куманово од 10 до 18 часот, организира отворен ден со граѓаните.

При тоа ќе се презентираат новите активности во младинскиот центар во наредните три месеци. Исто така на овој ден сите заинтересирани ученици од основните и средни училишта ќе имаат можност да се запишат на некои од активности што ги нуди Multi-Култи.