×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Најновото творештво на Дејвид Стоилковски обоено во црно-бели нијанси (видео)

    25.11.2023 14:39 | Оливера Пешевска

    Во Уметничката галерија во Куманово, синоќа беше отворена втората самостојна изложба на академскиот сликар Дејвид Стоилковки. 

    Изложбата е насловена „Црно бело, бело-црно“ на која се изложени 20 дела во техниката акрил на платно, и огромен мурал на еден од ѕидовите на галеријата.

    „Минатата година ми беше изложбата во колорит, сега сакав малку да сменам поради градацијата на црно и бело, и сите оние тонови помеѓу. Сакав да ги претставам тие милион тонови и да видам до каде можам да одам и колку можам да одам, влегувам во детаљи и затоа го сменив од колорит поминав на црно-бело. Иако се ограничив со боите, сепак приказот не е ограничен со сите нијанси на сиво“, изјави Стоилковски. 

    Драгана Спасковска, виш кустос на Музеј Куманово вели дека сликите се изработени во реалистичен стил,  односно Дејвид работи по фотографија која претходно ја прави.

    „Мотивот е фокусиран на секојдневниот живот -клучеви, промотивни шишиња, играчки за деца,полначи за телефон, со тоа што тој директно отвара прашања за нивната употребна вредност и вистинското значење на потрошувачкото општество. Со изборот на ваквите мотиви неговото творештво се доближува до поп-артистичката уметност, делата наликуваат на кадри, исечоци на еден поголем мотив, кои доколку се спојат ја даваат сликата на парадоксот на современата цивилизација, условена од научно-технолошкиот прогрес и напредок“, истакна Спасковска.

     Муралот во галеријата е направен за 2-3 дена, а ќе остане на ѕидот до следната изложба која ќе се организира во Уметничката галерија во Куманово.

    Ова е втора самостојна изложба на Дејвид Стоилковски, кој е препознатлив по изработката на мурали и како член на Здружението Форма и еден од организаторите на Графити фест. Муралите се она што го прават препознатлив.

    Дејвид Стоилковски е роден 1997 година во Куманово, каде живее и работи.  Досега има реализирано една самостојна изложба во 2022 година во Куманово. Учесник е на повеќе групни изложби во  Македонија и Хрватска.

    Изложбата е дел од програмските активности на НУ Музеј Куманово.Ќе биде отворена за публиката до крајот на годината.

    Најновото творештво на Дејвид Стоилковски обоено во црно-бели нијанси (видео)