Наместо во затвор, се криел дома и ја малтретирал вонбрачната сопруга
26.06.2024 11:36
| KumanovoNews
Кумановската полиција синоќа привела 57-годишен кумановец, затоа што во семејната куќа физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга.

Според МВР, тој бил баран со централна потерница за доиздржување казна затвор за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.