Насилник во Шупли Камен нападнал полицаец
30.09.2013 13:02
| KumanovoNews
М.Г.(53) од Шупли Камен нападнал полицаец, кој дошол да интервенира за семејно насилство.
Инцидентот се случил пред два дена во кумановското село Шупли Камен каде полицаецот отишол да интервенира, бидејќи имало пријава за семејно насилство. М.Г го нападнал полицаецот и му нанел тешка телесна повреда на раката.
Тој ќе одговара за кривично дело “напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“.