×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Никола Бојковски го фати крстот во црквата „Свети Никола“

    19.01.2022 11:47 | Сузана Николиќ

    Никола Бојковски (29) од Куманово го фати светиот крст во базенот на црквата „Свети Никола“ во Куманово. 

    Никола Бојковски го фати крстот во црквата „Свети Никола“

    Бојковски првпат го фаќа крстот, а повеќе години скокал по него на големиот христијански празник Богојавление - Водици.

    Тој посака здравје и среќа на сите свои сограѓани.

    Среќното момче од Кумановско – Осоговската епархија доби икона, крст и други подароци.

    Градоначалникот Максим Димитриевски му посака многу здравје, среќа и успех на Бојковски, а од името на општината му подари телевизор.

    „Денеска го чествуваме празникот на осветувањето на водите, како вековна традиција на нашите предци. Посакувам оваа традиција  да ја продолжиме во духот на христијанството и заедно да го сочуваме духовното наследство и да ја зацврстиме вербата во Бога. Нека е честит и вековит денешниот празник“, рече Димитриевски.

    Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk