Облачно, постудено и ветровито, со повремен дожд
06.02.2019 10:59
| KumanovoNews
Времето денеска ќе биде облачно, постудено и ветровито со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено претпладне вдолж Повардарието каде што ќе достигнува и над 60 км/час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.
Следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Утре се уште ќе има зголемена облачност, а од петок и особено за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.