Мени

Од недела почнува летното сметање на времето – стрелките се поместуваат од 2 на 3 часот по полноќ

27.03.2026 12:41 | KumanovoNews

Летното сметање на времето почнува викенов, ноќта сабота кон недела во 2 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 2, ќе биде 3 часот. 

Од недела почнува летното сметање на времето – стрелките се поместуваат од 2 на 3 часот по полноќ

Тоа значи дека вo недела, на 29 март, денот ќе биде пократот за 1 час, но затоа понатаму ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне.

Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.

Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 25 октомври, во 3 часот по полноќ.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е во согласност со Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и во согласност со европски директиви.