Мени

Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово

06.10.2020 11:49 | KumanovoNews

Во координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата донесena e одлука да се овозможи непречен влез на странските државјани од Србија,  Косово,  Црна Гора и Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен ПЦР тест.

Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово

„Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез односно транзит во нашата земја да приложат негативен ПЦР тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест, - објави премиерот Зоран Заев.

Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од ковид-19.

Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври 2020 година.