×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од понеделник ќе се нормализира автобускиот превоз на сите линии, освен на релацијата Тромеѓа-Бедиње

    13.05.2022 16:38 | Сузана Николиќ

    По 4,5 месеци прекин, од понеделник жителите на најголемите приградски населби во Куманово ќе добијат јавен градски превоз, откако Општината ги потпишала договорите со новите превозници на повторениот јавен оглас. 

    Од понеделник ќе се нормализира автобускиот превоз на сите линии, освен на релацијата Тромеѓа-Бедиње

    Само за линијата бр. 8, на релација Тромеѓа - Бедиње, која ги покрива и населбите Ајдучка Чешма, Пуковско и Перо Чичо ќе се почека да заврши жалбената постапка.  За таа линија се пријавиле двајца превозниците, па одлуката на Комисијата е обжалена од едниот превозник, дознавама од превозниците.

    Од Општина Куманово кусо соопштуваат дека општинскиот линиски превоз ќе започне од 16.05.2022 година (понеделник)  на следниве линии:
    Линија бр.3 Зелен рид-Железничка станица
    Линија бр.4 Бедиње-с.Добрашане
    Линија бр.5 Ливаде,с.Карпош-Железничка станица
    Линија бр.12 Романовце-Куманово
    Линија бр.16 Куманово-Табановце-Карабичане-с.Сопот
    Линија бр.20 Куманово-Четирце
    Линија бр.22 Куманово-с.Новосељане-с.Косматац-с.Мургаш
    Линија бр.25 Куманово-Г.П.Табановце
    Линија бр.26 Бајрам Шабани-Бедиње.

    Најголемите приградски населби немаат јавен градски превоз од почетокот на годината, бидејќи на првиот јавен повик имаше жалби од повеќе превозници, па се распиша нов и се направи спојување на градските и селски линии.

    Поради проблемот со градскиот превоз, жителите постојано се жалеа дека се изложени на дополнителен трошок за организирање на сопствен превоз или користење на такси услуги.