×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од понеделник штрајк во ФЗО, ќе се работат само неопходните предмети

    02.02.2024 20:52 | KumanovoNews

    Од понеделник, Фондот за здравство стапува во штрајк. Од Синдикатот на Фондот за здравствено осигурување при УПОЗ најавија дека сите подрачни единици на Фондот ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само неопходните работни задачи.

    Од понеделник штрајк во ФЗО, ќе се работат само неопходните предмети

    Тоа значи дека само еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи.Ќе  се извршуваат само неопходните работни задачи, како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи.

    Штајкот во Фондот за здравство доаѓа откако од 9 јануари со препорака од Владата се бара намалување на платите од 21 процент.

    Според синдикатот, со одлуката ќе бидат засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 проценти колку минималната плата.

    Од Министерството за финансии следниот ден појаснија дека не се работи за намалување на платите на вработените во ФЗО, туку дека се прави обид за нивно повторно зголемување кое ќе има фискални импликации врз буџетот на Фондот.