Мени

Од странски број се праќаат лажни пораки за сообраќајни казни

13.05.2026 18:39 | Сузана Николиќ

Граѓаните се мета на изманици, кои праќаат пораки за сообраќаен прекршок и ги наведуваат да платат на лажен сајт на МВР.

Од странски број се праќаат лажни пораки за сообраќајни казни

Непознати лица преку странскиот телефонскиот број +639606963624 испраќаат пораки на македонски корисници за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk .

Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете вашата регистарска табличка од возилото и потоа ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и ви бараат наплата од 1.500 денари.

„Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на МВР, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба.  Исто така Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи со цел да не наседнуваат на измами од ваков тип“, соопшти МВР. 

Оттаму додаваат дека за полесно препознавање на вистинската порака, граѓаните во делот на испраќач на пораката треба да биде MVR-SC (во превод MVR Safe Country).