Ограбен мигрант од Египет – приведени две лица
26.03.2026 19:31
| KumanovoNews
Полицијата ги привела Н.К. (30) и А.Ќ. (25), двајцата од селото Лојане, липковско, поради сомнение дека нападнале мигрант.
„Тие се сомничат дека во селото Лојане физички го нападнале С.А. (23) од Египет и му одзеле пари и мобилен телефон. Двајцата биле приведени во полициска станица и, по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.