×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово се прогласи за ненадлежна за дупката во Багрем бања и го префрли проблемот на државата

    26.03.2019 11:39 | KumanovoNews

    Општина Куманово нема да преземе никакви активности за заштита на имотот и безбедноста на жителите во населбата Багрем Бања, каде што се појави дупка, бидејќи подземниот објект е во надлежност на Република Северна Македонија.

    Општина Куманово се прогласи за ненадлежна за дупката во Багрем бања и го префрли проблемот на државата

    Од семејството Азировиќ се бара да го обезбеди просторот околу отворот, за да не дојде до несакани последици, а единствена обврска на Општината е да ги извести државните надлежни институции за проблемот.

      Ови заклучоци ги донесе Општинскиот штаб за заштита и спасување, на вчера оддржаниот вонреден состанок по новонстанатата состојба, по што беа објавени на сајтот на Општината.

    1. Локалната самоуправа не е надлежна, бидејќи се работи за подземен објект кој е во надлежност на Република Северна Македонија.

    2. Се препорачува сопственикот на куќата да превземе мерки на претпазивост и обезбедување на просторот околу отворот кој се наоѓа на земјиште во негова сопственост, за да не дојде до несакани последици.

    3. Општина Куманово се обврзува да ги информира надлежните институции на централно ниво за надминување на ново настанатата ситуација,“- стои во информацијата.

    Дупка со длабочина од 5-6 метри, во петокот се отвори во дворот на семејството Азировиќ во населбата Багрем Бања, во Куманово. Дупката е со пречник од 50-60 сантиметри, која надолу се шири до 150 см. и води во скривница, која се наоѓа под друга куќа во соседството.

    Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), откако извршиле увид констатирале дека се работи за подземни скривници со два непознати крака кои водат кон железничката пруга во населба „Перо Чичо“.

    Членовите на семејството Азировиќ и нивните соседи се плашат дека земјата ќе продолжи да тоне и може да ги поткопа куќите, поради што побараа помош од надлежните.

    Во подножјето на населбата Багрем Бања, покрај пругата има три отвори за скривници кои се користеле за складирање на јаглен за возовите и оружје за војската, изградени уште пред Втората светска војна, кога е градена и пругата. Скривниците со години наназад се напуштени и никој не ги одржува, туку се скривалишта на бездомници и корисници на дрога.