Оштетени гуми и ретровизори на пет автомобили во Куманово
25.01.2022 11:47
| Сузана Николиќ
Кумановец пријавил во полицијата дека во Средорек биле оштетени гуми и ретровизори на пет автомобили, кои биле паркирани на улица.

„На 25.01.2022 година во 00.20 часот во СВР Куманово Д.М.(38) пријавил дека на улицата „Средорек“ во Куманово биле оштетени гуми и ретровизори на пет патнички моторни возила кои биле паркирани на улицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР Куманово.