×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата на карикатури „ Жената - глава на семејството“

    27.03.2024 16:29 | Оливера Пешевска

    Изложбата на карикатури „Жената - глава на семјството“ денеска беше отворена во фоајето на Центарот за култура во Куманово.

    Отворена изложбата на карикатури „ Жената - глава на семејството“

    Фестивалот традиционално се одржува во Дом на култура „Тошо Арсов“-Виница секоја година во месец октомври.

    „Ова е прва меѓуинституционална соработка со Центарот за култура од Виница и искрено сме изненадени од прикажаниот квалитет и обемот на материјалот, како и од фактот што не е презентиран еден ваков меѓународен фестивал пред кумановската публика. Сега сме во преговори за друга поставка, исто од областа на хуморот и сатирата која ќе биде поставена за време на Деновите на комедијата. Се надеваме дека ќе ја продлабочиме соработката, на задоволство на публиката на двата града“, истакна директорот Сашо Тодоровски.

    Првата награда му припаднала на Енгин Селџук од Турција, второто место на Олена Цуранова од Украина, а третото на Дарко Дрљевич од Црна Гора. Фестивалот е светски познат токму поради конкурсот за карикатура , а во 2022 год учество зедоа 283 автори од 44 држави од целиот свет со вкупно добиени 670 карикатури.

    Минатата 2023 г. фестивалот го прослави 15 годишниот јубилеј од моментот на возобновувањето на истиот и негово прогласувањето за меѓународен.

    Изложбата беше презентирана во повеќе градови во Македонија а во Куманово ќе биде поставена до 3 април.