Падна канделабра на Градскиот плоштад
25.08.2019 08:34
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад во Куманово, поточно на шеталиштето пред Телеком, синоќа падна украсна канделабра со две светилки.
Се откорнал столбот што ги држи светилките, додека металната подгола останала зацврстена на тротоарот. Скршени се дел од стаклата на светилките, а откачена е електричната инсталација.
Не е познато дали некој намерно ја турнал канделабрата.
На социјалните мрежи граѓани кажуваат дека светилката сама паднала и за малку ќе удрила човек.
Синоќа беше многу фреквентно на градскиот плоштад, поради што граѓаните со љубопитство ја одминуваа канделабрата и коментираа.
Новите канделабри, клупи и кантички за отпад, Општината ги намести во октомври минатата година на повеќе локации во централното градско подрачје.

