“Панче Пешев“ ќе одржи концерт за 11 Октомври
04.10.2013 08:49
| KumanovoNews
По повод празникот 11 Октомври, културно-уметничкото друштво “Панче Пешев“ во четвток, во предвечерјето празнико ќе оддржи концерт на народни игри и песни во МКЦ “Козјак“.

Ќе бидат изведени пет кореографии, не само од кумановскиот регион, туку и пошироко. Ќе настапи изворен, народен оркестар, зурли и тапани и фолклорен ансамбал. Гости се Маргица Антевска, Нино Величковски и група “Бисери“ - изјави Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на КУД“Панче Пешев“.
Концерот е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.