Петдневна временска прогноза за Куманово
07.10.2019 10:36
| KumanovoNews
Во Куманово времето ќе биде умерено облачно со максимална температура до 17 степени, информираат од УХМР.
Во вторник се очекува претежно сончево време со максимална температура до 17 степени, а во текот на вечерните часови температурата ќе падне на 12 степени.
Веќе во среда и четврток се очекува сончево време со покачување на максималната температура и до 23 степени, а во текот на вечерните часови температурата ќе падне на 14 степени.
Додека пак во петок иако ќе биде сончево, a температурата ќе достигне до 24 степени, сепак во текот на вечерните часови се очекува облачно време со појава на краткотраен дожд и пад на температурите до 14 степени.

