Продавачи не уплатиле дневен промет од 8.000 евра на фирмата во која работеле
21.02.2025 21:17
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против петмина кумановци на возраст од 20 до 35 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

„На 19. ноември минатата година, од скопската фирма пријавиле нередовни уплати на дневни пазари од страна на пријавените - вработени во подружницата во трговски центар во Куманово, по што било констатирано дека за ноември 2024 не се уплатени финансиски средства по основ на дневен пазар во висина 417.014 денари и 59.426 денари“, соопшти МВР.