Планинарите на обука за водичи
26.09.2013 09:39
| KumanovoNews
Двајца членови од Здружението на спортско планинарски клуб “Козјак“ во наредните три дена ќе учествуваат на обука за планинарски водичи во Скопје.

Тие ќе следат предавање за планинарењето кај нас и во светот, јазли, движење и техника на водење, опасности во планините, спасување, лична и техничка опрема, комуникација и радио врски и слично.
Обуката ќе се оддржи во просториите на Федерација на планинарски спортови на Македонија.
Обуката ја организира Федерација на планинарски спортови на Македонија и Македонска планинарска асоцијација во соработка со Планинарски сојуз на Словенија.