Планирани прекини на струја денеска во Куманово и Старо Нагоричане
20.05.2026 08:22
| KumanovoNews
Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска (20 мај 2026) без електрична енергија ќе останат делови од Куманово и село во Старо Нагоричане.
Во периодот од 08:30 до 14:30 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците од дел од улицата „Моша Пијаде“, поточно од градинката надолу.
Од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат и жителите на селото Алгуња, во маалото Татариновац.