Планирани прекини на струјата во Куманово
01.10.2026 09:03
| KumanovoNews
Делови од Куманово и повеќе села денеска ќе останат без електрична енергија, поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Од 8:45 до 14:45 часот, без струја ќе бидат корисниците во населбата Бедиње, на улиците „11-ти Ноември“ и „Трајко Јовановски“.
Во периодот од 10:30 до 12:15 часот, прекин на снабдувањето ќе има во дел од Бабин Дол, населбата Доброшане со индустрискиот дел, населбата Вера Которка, селата Проевце, Шупли Камен и Орашaц, како и населбата Зелен Рид.
Од ЕВН информираат дека во останатиот дел од градот и општината снабдувањето со електрична енергија е редовно.