Починат мигрант пронајден во езеро во Речица
11.02.2022 14:44
| Сузана Николиќ
Во СВР Куманово вчера во 16 часот било пријавено дека во водите на езерото во с.Речица било пронајдено тело на машко лице - мигрант.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител по чија наредба телото било дадено на погребално претпријатие.