Мени

Почна реконструкцијата на улица „Индустриска“ во Куманово

08.07.2026 12:11 | Сузана Николиќ

Почна реконструкцијата на улица „Индустриска“, која ги спојува улиците „11 Октомври“ и „11 Ноември“ во Куманово.

Почна реконструкцијата на улица „Индустриска“ во Куманово

„Во моментов се врши гребење на стариот асфалтен слој и поставување на бетонски рабници“, информираат надлежните. 

Реконструкцијата предвидува изградба на тротоари и сливници за одведување на атмосферските води.

Средствата  се обезбедени од Владата, преку вториот повик од унгарскиот кредит.

На улицата се наоѓа најстарата индустриска зона во градот, а со години наназад  сопствениците бараа да се инвестира во подобрување на патната инфраструктура која секојдневно ја користат.

Улицата „Индустриска“, која им е единствената врска кон градот и автопатот, беше со оштетен асфалт, дупки по коловозот, без тротоар и атмосферска канализација, поради што во лето се гушат во прашина, а в зима во кал. При секој поголем дожд им се поплавуваат дворовите. Со цел да иницираат решавање на проблемите фирмите доставија петиција до Општината.