Почнува дератизација на Градскиот кеј
26.09.2013 09:34
| KumanovoNews
Од денеска па во наредните неколку дена ќе се врши ќе врши дератизација на глувци на Градски кеј.

Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок - информираат од Општина Куманово.
Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на реката Кумановка и Градски кеј и доколку најдат од родентицидот на отворено да не го допираат.