Мени

Почнува есента

23.09.2019 09:19 | KumanovoNews

Денеска во Македонија во 8.50 часот, официјално на северната хемисфера дојде есента. Во исто време на јужната полутопка започна пролетта.

Почнува есента

Есента ќе трае до  05:19 часот на 21 декември, кога настапува зимата.

На првиот ден од есента ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има денеска, кон крајот на денот. Ќе дува умерен до засилен ветер од променлив правец.