Мени

Тринаесет уметници од пет земји ќе творат на Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2026“

05.08.2026 11:14 | KumanovoNews

Во комплексот „Етно село Тимчевски“ од утре до 10 август ќе се одржи Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2026“, која годинава ќе собере 13 ликовни уметници од Македонија, Хрватска, Србија, Романија и Бугарија.

 

Тринаесет уметници од пет земји ќе творат на Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2026“

На колонијата ќе творат уметниците: Александар Џинго, Ферди Булут, Ања Стојадиновска, Ивана Ожетски, Новак Новаковиќ, Бисер Кирилов, Теодора Ракиџиќ, Софија Ракиџиќ, Снежана Мелник, Костин Братеану, Зоита Делиа Калинеску, Емилија Јанциќ и Страхил Петровски.

Колонијата се реализира по 52. пат, под покровителство на Министерството за култура и туризам и Општина Куманово, а организатори се Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово и Фондацијата за култура и спорт – Куманово.