×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подрачното училиште во „Иго Тричковиќ“ едно од најзапуштените во градот (видео)

    04.04.2024 07:55 | Теодора Стоевска

    Подрачното основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ во населбата „Иго Тричковиќ“  во Куманово се наоѓа во очајна состојба поради негрижа на инстиуциите.

    Учениците и наставниците немаат здрава и соодветна околина во која престојуваат секој ден, по неколку часа, каде треба достоинствено да ги извршуваат училишните обврски.

    „Поради тоа што не се расчистени имотно-правните односи и не е направена експропријација на земјиштето, учениците секојдневно газат кал и се гушат во прав. Во училишниот двор е многу небезбедно за движење, игра и престој на учениците. Има куп бекатон кој така оставен стои со години, а од истиот си зема кој како сака и колку сака“, стои во барањето на Советот на родители на училиштето кое било доставено и до градоначалникот и до Советот на Општина Куманово уште во декември минатата година, но се уште  не добиле  одговор.

    Родителите се жалат дека во зима кога порано се стемнува, а учениците се втора смена, дворот на училиштето е воцелосен мрак и затоа тие мора да доаѓаат по децата и да се движат само со светлото од мобилните телефони.

    Исто така тие бараат изградба на настрешница која порано ја имало, но била толку распадната и стара што минатата година ја урнално невреме, а за среќа во тој момент надвор немало ученици.

    Исечената металната конструкција каде што таа претходно била поставена штрчи од патеката и на неа учениците секојдневно се сопнуваат а истата е и многу остра и необезбедена па може и да се повредат.

    Има поплочен многу тесен дел кој што е до самата училишна зграда, а се останато е земјиште, родителите бараат пристапна патека до школото со бекатон кој веќе стои неупотребен во дворот , како и ограда на училишниот двор.

    Што се однесува до внатрешноста на училиштето родителите бараат и поставување на лавабоа во училишните тоалети.

    „Во тоалетите постојат ниски корита од плочки кои не се за миење раце бидејќи се толку ниски што учениците кога мијат раце водата од високо поставените чешми плиска и алиштата им се прскаат со вода, тотално се нефункционални“ додаваат родителите.

    Од училиштето велат дека тие немаат финансиски средства за да ја поправат училишната зграда, но дека за тоа веќе поднеле барање до општината.

    И родителите и учениците се надеваат дека општината ќе покаже заинтересираност за ова училиште и ќе обезбеди финансии барем за негово делумно реновирање. Поддршката и ангажманот кој што општината треба да го обезбеди  е неопходен за создавање здрава околина што ќе ги подобри можностите за учење и успех на  учениците.

     

    Подрачното училиште во „Иго Тричковиќ“ едно од најзапуштените во градот (видео)