Мени

По една коловозна лента се одвива сообраќајот во Младо Нагоричане, поради сообраќајка на патот кон Крива Паланка

27.12.2024 14:32 | KumanovoNews

Поради сообраќајна несреќа во близина на селото Младо Нагоричане, сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на местото на несреќата, се одвива наизменично по една коловозна лента.

По една коловозна лента се одвива сообраќајот во Младо Нагоричане, поради сообраќајка на патот кон Крива Паланка

Сообраќајката се случила околу 13 часот, по што во прекин беше секаков вид на сообраќај.

Во моментот се врши увид на лице место, потврдија од СВР Куманово.