Повеќе улици во Куманово денеска и утре без струја
Денеска и утре, во текот на неколку часа, без струја ќе останат повеќе улици во Куманово.
Според информациите од ЕВН, денеска од 09:00 до 12:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат потрошувачите на делови од улиците „Васко Карангелевски“ и „Видое Смилевски Бато“.
Утре (петок), од 07:55 до 12:30 часот, без струја ќе бидат објектите во поранешната касарна „Карпош“, Управата за водење на матични книги, како и дел од улицата „11 Ноември“, спроти касарната.
Исто така, од 08:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат дел од улицата „Србо Томовиќ“, кај училиштето „Толи Зордумис“, како и улиците „Крушевска Република“, дел од „Боро Прцан“, „Осоговска“, „Милан Лисица“ и дел од „Сава Ковачевиќ“.
На 31 март (вторник), од 08:25 до 15:25 часот, без струја ќе бидат Липковските села Рнковце, Гошинце, Лукаре, Стрима и Липково, како и браните Глажња и Липково.