Повреден 16-годишник од Куманово, со „ауди“ удрил во бетонска ограда
26.02.2025 12:02
| KumanovoNews
Малолетник вчера со автомобил удрил во бетонска ограда на куќа во липковско.

„Околу 06.15 часот во Кумановската полиција било пријавено дека на регионален пат од с.Ропаљце кон с.Матејче, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Куманово, удрило во бетонска ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен е увид од екипа од СВР Куманово.