Повреден 20-годишен возач, со автомобил излетал од патот
18.04.2024 14:06
| KumanovoNews
Едно лице е повредено во сообраќајна незгода, која се случила вчера на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с. Ново Село, кумановско.

„Во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село, кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти Кумановската полиција.
Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.