Повреден мотоциклист на патот кон Романовце
03.06.2024 09:01
| KumanovoNews
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа при судир на мотоцикл и автомобил.

Несреќата се случила завчера во 21.00 часот на крстосницата од ул.„Тоде Мендол“, ул.„Есперанто“ и локален пат за с.Романовце, кумановско, помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од А.Д. (24) од Куманово и мотоцикл „јамаха“, управуван од С.О. (21) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоцикл, констатирани во Општата болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
(фото. архива Кумановоњуз)