Повредена девојка, по судар на мопед и тротинет во Куманово
15.10.2024 12:12
| KumanovoNews
Деветнаесет годишна девојка е поврдена по судир на мотоцикл со тротинет, кој го управувал малолетник. Несреќата се случила вчера во 18.40 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово.

„Во сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет, управуван од малолетник и мопед управуван од А.А.(19), двајцата од Куманово, со тешки телесни повреди се здобила А.А., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти Кумановската полиција.