Повредена девојка, со автомобил излетала од патот
12.01.2022 08:19
| Сузана Николиќ
24-годишна кумановка се здобила со тешки повреди откако со автомобилот излетала од патот во близина на Куманово.

Несреќата се случила завчера во 07.30 часот на локалниот пат Куманово - с.Пчиња на место викано „Менкова колиба“, кога патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(24) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата К.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.