Повредена жена при експлозија на плинска боца
27.02.2025 14:17
| KumanovoNews
Кумановка се здобила со повреди, откако во домот и експлодирала плинска боца.

„Ноќеска во 02.46 часот во Кумановската полиција синот пријавил дека во неговиот дом во селото Доброшане, неговата мајка Р.П. била повредена од експлозија на плинска боца. Известен бил јавен обвинител. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.