Повторно гореше ѓубрето во „Перо Чичо“
Два пожари избувнаа вчера во нас. „Перо Чичо“ , поради што мораше да интервенира Територијалната противпожарна едници во Куманово (ТППЕ).
На ул. Ѓуро Пуцар кај репетиторот пожарот избувнал во 10.40 часот, а опожарна е сува трева.
Втората изнтервнција е на ул. „Анѓа Ранковиќ“ , на запален отпад, при што биле зафатени и бандера и дрвја. Пожарот е пријавен во 10:23 часот, а е ликвидиран во 12:20 часот.
Во двата случаи причина за опожарувањето било палење на кабли, по што пожарот ја зафатил сувата трева, кажа претставник на полицијата.
Жителите од „Октомвриска револуција“ реагираат дека секој ден се душат во чад, поради неодговорно однесување на поединци. Тие бараат да се санкционираат сторителите.
На полноќ имало пожар и во с.Черкезе на запалено сува трева.