Пожар во викендичка во Студена бара
02.12.2018 10:13
| KumanovoNews
Во голем пожар синоќа изгорел кат од викендичка во селото Студена Бара.

Пожарот избувнал по 20 часот во собата на првиот кат и го зафатил мебелот. По интервенција на противпожарната единица од Куманово од 20.45 до 22.45 часот пожарот бил локализиран да не се прошири на катот од куќата. Во гаснењето на пожарот помогнало и месното население.
Причината за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдува.