Пожарникарите интервенирале во Доброшане и на Краста
24.09.2013 10:38
| KumanovoNews
Во текот на вчерашниот ден Противпожарната единица од Куманово изгаснала два пожара од кои едниот во Доброшане, а другиот на градската депонија.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека стрниште во село Доброшане било запалено вчера попладне при што било интервенирано во 16.30 часот со едно возило и три пожарникари.
На депонија Краста било запалено ѓубре и огнот бил изгаснат со три пожарникари и едно возило во 17.30 часот.
И двата пожари се локализирани за период од еден час.