Прегазен старец на регионалниот пат Куманово-Свети Николе
05.02.2019 10:28
| KumanovoNews
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

Сообраќајката се случила вчера во 05.30 часот, кога Д.М.(41) од Кратово, управувајќи патничко возило „Даеву тико“ со кратовски регистарски ознаки, удрил во пешакот В.Д.(85) од Куманово.
В.Д. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар Куманово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.