Прегазена жена на светиниколски пат
22.12.2018 10:15
| KumanovoNews
Едно лице е потешко повредено во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населбата Пуковско.

Несреќата се случила вчера околу 12 часот на крстосницата од регионалниот пат Куманово - Свети Николе и ул.„425“, крак од ул. „Ѓорче Петров“, кога товарно моторно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Д (27) од Куманово, удрило во пешак Д.П (60) од Куманово.
Во незгодата Н.Д. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар Скопје. Увид извршила увидна екипа на СВР-Куманово.
Се работи на расчистување на случајот.
(фото: архива кумановоњус)