Претрес во Куманово, пронајдена дрога
22.06.2024 12:18
| KumanovoNews
Едно лице е приведено вчера откако во неговиот стан била пронајдена дрога.

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово, вчера во 20.30 часот лишиле од слобода 47-годишен кумановец.
„При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.