Пронајдени три пушки во Стрезовце, приведен 77-годишен кумановец
07.08.2026 09:39
| KumanovoNews
Полицијата привела седумдесет и седумгодишен кумановец, откако му пронашла оружје кое го поседувал без дозвола.
Вчера во 17:35 часот во с.Стрезовце, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово привеле 77- годишен кумановец, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.
„При претрес во негови простории во с.Стрезовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка и две воздушни пушки. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.