Мени

Презентација на проектот “Трофеи“ на Стојче Тоциновски

24.10.2013 07:55 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот ќе биде презентиран видео - арт и реди - мејд проектот “Трофеи“ на Стојче Тоциновски.

Презентација на проектот “Трофеи“ на Стојче Тоциновски

Проектот е магистерски  труд на Тоциновски одбранет лани. Авторот е роден 1974 година во Велес и завршил Факултет за ликовни уметности при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во класата на професор Васил Василев. За член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија е примен во 1999 година.

Од 2001 до 2010 година реализирал 4 самостојни изложби, а учествувал и на групни изложби во земјава и странство.