Мени

Пријава за злоупотреби во Велосипедската федерација

22.04.2026 14:46 | KumanovoNews

Претседателот на Велосипедската федерација на Македонија пријавил дека поранешни членови на Управниот одбор го злоупотребиле службениот печат за свикување собрание.

Пријава за злоупотреби во Велосипедската федерација

Е.Ц. (45) од Куманово, пријавил дека неколку членови на федерацијата сториле кривични дела „фалсификување службена исправа“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „затајување“.

„Според пријавата, тие биле отповикани како членови на Управниот одбор на седница одржана на 11. март годинава, а потоа со неовластена употреба на печатот на федерацијата, кој претходно бил даден на користење од поранешниот секретар, повеле иницијатива за свикување собрание на Велосипедската федерација“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.