Приведен 25-годишен кумановец, со „ауди“ удрил во паркирани автомобили, па нападнал полицаец
22.02.2025 17:30
| KumanovoNews
Кумановец со својот автомобил удрил во паркирани возила, а потоа сакал да се пресмета со полициски службеник.

„Ноќеска во 02.35 часот во Куманово, полициски службеници привеле 25-годишен кумановец. Претходно, тој на крстосница од бул. „Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Моша Пијаде“, управувајќи возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во пракирани патнички возила „ауди“ и „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки. Настанот го забележале полициски службеници и откако се доближиле до возилото, тој почнал да се однесува агресивно и физички нападнал еден од нив“, соопшти МВР.