Приведен крадец во Куманово, одзел чанта од сограѓанка
25.10.2024 11:43
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 20.45 го привеле Л.Ш.(25) од Куманово затоа што истиот ден на улица „Браќа Миладиновци“ во Куманово одзел чанта на Б.В. (79) од Куманово.

„Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.