Приведен кумановец затоа што бил агресивен кон неговиот татко
30.12.2024 14:20
| KumanovoNews
Кумановец е приведен во полициската станица во Куманово, затоа што агресивно се однесувал кон неговиот татко.

„Вчера во 13.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 44-годишен кумановец затоа што агресивно се однесувал и се заканувал на неговиот татко. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.