Мени

Приведен млад кумановец, нападнал вработен во сообраќаен испитен центар

21.11.2024 13:44 | KumanovoNews

 Дваесетгодишен кумановец е приведен затоа што нападнал вработен во сообраќаен испитен центар во Куманово.

Приведен млад кумановец, нападнал вработен во сообраќаен испитен центар

„Вчера во 12.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Б.(20) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12.00 часот физички го нападнал Т.В.(60) од Куманово, додека бил на работното место како испитувач во сообраќајниот испитен центар во Куманово. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.