Приведен разбојник за доиздржување на затворска казна
11.01.2022 12:37
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера околу 19 часот врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово, го лишиле од слобода С.Б.(29) од Куманово.

Тој се барал за доиздржување на казна затвор за сторени кривични дела по член 237 и 236 од Кривичниот законик – „разбојништво“ и „тешка кражба“.
Тој бил спроведен Казнено-поправна установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.